Таравари: Алијансата на Албанците ќе го поддржи референдумот
Алијансата за Албанците ќе го поддржи најавениот референдум, но одржувањето на референдумот е луксуз што скапо ќе ја чини државата, рече Арбен Таравари, генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците.
Таравари во изјава за МИА го појасни ставот за поддршката нагласувајќи дека неговата партија конечниот став ќе го каже кон крајот на август за кога е закажано Централното собрание на партијата.
- Начелно, Алијансата за Албанците ќе се изјасни позитивно на референдумот. Недавањето поддршка на собраниската седница од страна на нашите пратеници за распишување референдум беше став со кој сакавме да укажеме дека нема потреба од такво нешто. И без и со референдум, пратениците повторно треба да ги гласаат измените во Уставот кои се наведедени во Преспанскиот договор и обврските кои произлегуваат од него. На овој начин, државата ќе направи големи трошоци и е непотребен луксуз, рече Таравари.
Тој смета дека сите Албанци во Македонија ќе се изјаснат позитивно на референдумското прашање.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости