Тарантино: Има само седум „совршени“ филмови
Квентин Тарантино гостуваше во „Шоуто на Џими Кимел“ и, меѓу другото, откри дека, според него, досега во историјата имало само седум „совршени“ филмови. Ниту еден од неговите филмови не е на тој список, а оние што ги наброја се издадени 1970-тите и 80-тите.
– Тоа само покажува дека снимањето филмови е тешко!, истакна тој.
Остварувањата се: „Тексашкиот масакр со моторна пила“ од 1974 година, „Ајкула“ на Стивен Спилберг, „Егзорцист“ (1973), комедијата „Ени Хол“, „Младиот Франкенштајн“ на Мел Брукс (1974), „Враќање во иднината“ (1985) и „Дивата орда“.
Последниов, седми на листата, „сепак не е совршен, но несовршеностите го прават совршен“, вели Тарантино.
Режисерот, исто така, ја искористи приликата да се осврне на неодамнешните коментари на Кање Вест кој тврдеше дека Тарантино „му ја украл идејата“ за филмот „Џанго Разузданиот“ (Django Unchained).
– Не е така. Идејата јас ја имав уште пред да го запознаам Вест, рече тој.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“