-->
-->
Талибанците пукаа во воздух за да растераат собир на жени кои бараат право на работа и образование
-->
Талибанците денеска во Кабул пукаа во воздух за да растераат група жени кои бараа право на работа и образование, речиси една година по доаѓањето на власт на талибанскиот режим.
Околу 40 жени извикувајќи „Леб, работа и слобода“ маршираа покрај Министерството за образование. Пет минути по почетокот на маршот, група талибански борци испукале рафали во воздух. Демонстрантките носеа транспарент на кој пишуваше дека 15 август, кога талибанците го зазедоа Кабул пред една година, е „црн ден“.
„Правда, правда. Доста ни е од незнаење“, скандираше толпата пред насилно да биде растерана. Некои учесници на демонстрациите потоа се засолниле во околните продавници каде талибанците ги бркале и ги тепале со кундаци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска