Талески: Ако ги продолжиме пасошите со закон ќе предизвикаме хаос – кој гарантира дека ќе поминете граница?
Ако го промениме Законот и им го продолжиме рокот на пасошите ќе предизвикаме дополнителен хаос, вели за Детектор пратеникот на СДСМ Миле Талески.
Според него, со променет закон никој не може да гарантира дека граѓаните ќе можат да ги минуваат границите.
„Да не си дозволиме да се манипулира граѓаните. Значи, ако го промениме во овој момент законот, како што беше со возачките, затоа што возачките важат на територијата на наша држава. Пасошите, кој е тој кој што утре, доколку го промениме законот, како што беше за возачките, ќе ни гарантира дека граѓаните нема да бидат враќани по границите во другите држави. Дополнително ќе направиме хаос кај самите граѓани“ – рече Талески за Детектор.
Според него, единствен начин да се надмине оваа криза е да се сменат сите пасоши, за што смета дека актуелниот министер кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги има сите услови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето