Талат Џафери избран за претседател на Собранието
Со 62 гласа "ЗА" и 43 "ПРОТИВ" Талат Џафери е избран за претседател на Собранието. Ова е негов втор мандат на позицијата, согласно со коалицискиот договор СДСМ - ДУИ. Против неговиот реизбор гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива и од Левица. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека Собранието под палката на Џафери било неефикасно, Деловникот бил постојано прекршуван, а забелешки имаа и за носењето на законите по скратена постапка и со европско знаменце во изминатиот период.
Против беа и од Алијансата за Албанците, кои ја напуштија Големата сала при гласањето, во знак на револт од, како што истакна пратеникот Скендер Реџепи, нелегитимноста на ДУИ поради украдените гласови на изборите. Џафери не доби поддршка ниту од двајцата пратеници на Левица. По изборот на Џафери, се очекува во наредните дена да биде закажана и седница на која мандатарот Заев ќе го поднесе предлогот за новата Влада кој треба да биде изгласан со мнозинство од вкупниот број на пратеници.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
За една година патувањето со авион во Грција поскапо за 47,7 отсто
-
Иниго Мартинез се повреди во финалето на Суперкупот
-
Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за уништувањето на опремата за прислушување
-
Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар
-
УЈП: Извршени 696 контроли согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања во декември 2024
-
Зголемен бројот на странски туристи
-
ЕУ одвои уште 148 милиони евра за најранливите категории украински граѓани
-
Ѓоковиќ се изедначи со настапите на Федерер на Грен слем турнирите