Тајната ја однесе во гроб: Погребано девојчето што се обеси
Река народ, школски другари, пријатели, соседи, роднини... ја сочинуваа тажната поворка, во која никој немаше одговор на прашањето зошто. Таа тајна ја однесе со себе во гроб, а нејзините најблиски рекоа дека таа си го одзела животот по таинствен повик кој го примила...
Учениците од Техничкото училиште ја испратија кон нејзиниот вечен дом како и целото село во кое живееше.
-Зборуваше сосема нормално, не беше нервозна. Само наеднаш по разговорот рече дека ќе оди да фрли некој дрво во огнот, го бакна помладиот брат и сестрата и излезе весело од куќата, им раскажа братот на полицајците. Пред трагедијата родителите отишле во набавка, а децата останале сами дома.
-Отиде во помошната просторија, каде ги колиме свињите. Се качила на столицата и за куката врзала јаже за врзување снопови сено. Дел го врзала околу вратот и скокнала од столицата. Папучите и испаднале... Тука подоцна ја пронашол мојот внук, и нејзин брат и го известил таткото, раскажа вчера дедото на несреќното девојче. тврдејќи дека немале никакви индиции дека девојчето ќе го направи тој очајнички чекор.
Два часа по одењето во набавки, таткото ги повикал децата за да провери што прават. Девојчето не се јавувало на телефон, па го повикал помалиот син за да ја побара сестрата.
Детето затекнало страотна глетка и излетал од просторијата и му се јавил на таткото.
-Тато, тато, дада се обеси...едвај успеало да каже детето. Случајот веднаш е пријавен во полицијата во Бор и итната помош, но лекарите само констатирале смрт. Пред да дојде полициајта, семесјтвото го симало девојчето од бесилката, ја пресоблекле и запалиле свеќа.
Инаку, ова е втор ваков случај за година дена. Имено, во истото село на почетокот на февруари се обеси едно 11-годишно девојче, за кое исто така не знае зошто се самоубило. Мештаните во голем број веруваат во влашка магија, и велат дека девојчето било маѓепсано.
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина