Тајна причина јавноста да се исклучи од следење на рочиштето за случајот „27 април“
Поради чување на тајна, за која постои опасност да стане општо позната, преку доказите изнесени од одбраната, за случајот „Организатори на 27 април”, јавноста, на вториот дел од денешното рочиште беше исклучена. Претходно, во првиот дел, сведочеа двајца сведоци на предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски.
Писмените докази беа предложени од страна на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, за кои се смета дека се класифицирани документи од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Според обвинителниот акт за овој предмет, тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата