-->
-->
„Тајмс”: Германија сака да им забрани на британските патници влез во ЕУ
-->
Германија ќе се обиде да им забрани влез на британските патници во Европската унија, без разлика дали ја примиле вакцината против Ковид-19, пренесува денеска „Тајмс”.
Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ја прогласи Велика Британија за „загрижувачка земја” затоа што делта варијантатата на вирусот е премногу распространета во оваа земја, пренесува весникот.
Весникот додава дека за ваквите планови ќе расправаат високи европски и национални претставници од Комитетот на ЕУ за интегриран политички одговор на кризата, но Грција, Шпанија, Кипар, Малта и Португалија се очекува да се спротивстават.
Предвидено е канцеларката Меркел неделава да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон во Англија.
Велика Британија планира следниот месец да објави план со кој целосно вакцинираните лица ќе можат да патуваат без ограничувања во сите земји, освен оние со висок ризик од инфекција со Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски