Тајани: Западниот Бaлкан има јасна европска перспектива
Земјите од Западниот Балкан имаат јасна европска перспектива и може да сметаат на поддршката на Европскиот парламент во тој процес, но сепак топката е во нивниот двор, изјави претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани во пресрет на неговата денешна посета на Белград.
Тој за порталот „Јуропијан Вестрен Балканс“ изјави дека Македонија постигнала значаен напредок и дека е оптимист, како во поглед на спорот околу името, така и на можноста земјата набргу да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ.
Тијани оцени дека Србија и Црна Гора би можеле да бидат подготвени за членство во ЕУ до 2025 година, додавајќи дека таму каде што постои волја, има и начини да се направат нештата,
Тој нагласи дека ЕУ е најблизок партнер на Западниот Балкан, како во поглед на трговијата, така и во поглед на севкупната поддршка, додавајќи дека на змејите им се достапни средства за поддршка на процесот на проширување, како во 2018, така и за наредните години.
Во врска со констатацијата дека во одредени земји е воочлив падот на медиумските слободи и на демократијата, Тајани нагласи дека во процесот за зачленување е потребен и напредок во областите како што се владеењето на правото, правосудството и основните права во Црна Гора и Србија.
Тајани за време на денешната посета на Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот на српското Собрание, Маја Гојковиќ, како и со претставници на граѓанското општество организирани во Националниот конвент на Европската унија.
Претседателот на Европарламентот пристигнува во Белград неколку дена пред објавувањето на новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан, која се очекува на 6 февруари.
- Ние работиме на отворањето на патиштата за Србија да стане една од следните членки на Европската унија, изјави Тајани во октомври за време на посетата на Брнабиќ на Брисел.
Тој со српскиот претседател ќе ја отвори и бизнис конференцијата „ЕУ-Србија 2018: инвестиции, раст и создавање на работни места.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228