Тајани: Интеграцијата на Балканот во ЕУ е приоритет
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска изјави дека интеграцијата на Балканот е приоритет за Европската Унија.
- Тоа е регионот кој треба да биде приоритет, изјави Тајани во Софија, кој се наоѓа во работна посета во Бугарија.
На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, Тајани разговараше за безбедноста, миграцијата, стабилноста на Блискиот исток и ситуацијата на Балканот. Тајани најави посета на западнобалканските земји кон почетокот на следната година и најави дека при тоа ќе ги користи сознанијата кои Софија ги има за регионот.
- Во Бугарија се свесни за ситуацијата на Балканот, знаејќи дека овој регион може да биде корисен за целата Европска Унија, а тоа е многу важно. Му благодарам на Бојко Борисов и на бугарската Влада за помошта што може да ја пружат на Европскиот парламент за подобрување на квалитетот на нашите активности на Балканот, рече тој.
Борисов е оптимист дека претстојното бугарско претседателство со ЕУ ќе биде корисно за цела ЕУ и изјави дека гледа огромна шанса за Западен Балкан.
- Сакаме да дадеме перспектива не на политичките елити на Балканот, туку на младите, на народите од регионот. Треба уште да се работи за присоединување на тие држави. Она, што не носи ризик е инфраструктурата. Не само патишта, железници и пристаништа, туку исто така и на полето на дигитализација, во областа на интернетот, роамингот, образованието, истакна Борисов.
Бугарија ќе претседава со ЕУ во првата половина од 2018 година, и тоа по првпат откако стана членка во 2007 година.
Улогата на Бугарија во евроинтеграцијата на балканскиот регион, Тајани ја истакна и на денешното обраќање од говорницата на бугарскиот Парламент.
- Не можеме да ја оставиме таа европска територија на други држави надвор од Европа. Во спротивно, ризикуваме тероризмот и фундаментализмот да ја трансформираат таа територија во зона на криминал, истакна Тајани.
Тој оцени дека за силна Европа, неоходна е единствена надворешна политика.
- Важно е да се започне дебата за иднината на Европа за да се види каде и како можеме да интервенираме. Мораме да се вратиме на политиката, бидејќи онаму каде што политиката е слаба, други работи одлучуваат, заклучува Тајани.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период