-->
-->
Тага во Франција: 16 годишно девојче почина од коронавирус
-->
16 годишнaта Џули од Франција во средата доцна вечерта починала од коронавирусот иако бил потполно здрав. Таа воедно и најмладиот починат пациент во Франција кој починал од овој смртоносен вирус. „Неподносливо е“, ова се зборовите на мајката на младата тинејџерка која како што вели имала само кашлица како симптоми на овој вирус.
-Едноставно навидум лесна кашлица која се појавила пред само една недела сакала да ја излечи со сируп за кашлица и инхалација, но залудно, раскажува мајката.
Трогнатата мајка вели и дека во нејзината соба таа прво започнала да снемува здив, а потоа кашлањето било се почесто, а имала и болки во срцето. Откако претходно нејзината ќерка била прегледана во една болница во Париз им било соопштено дека нивната ќерка се заразила со коронавирусот и дека нејзината состојба се влошува.
„Нејзиното тело веќе беше сиво, кога пристигнавме во болницата таа беше мртва и ја допрев раката, а нејзината кожа се уште беше топла“, се потсети низ солзи за француските медиуми Сабин, мајката на девојчето.
На нив им било забрането и да ги земат работите на девојчето бидејќи истите требало да се запалат според протоколите за справување од пандемијата.Инаку според мерките девојчето ќе биде погребано само во присуство на 10 луѓе, а мајката за сето ова за медиумите раскажала дека тешко е да се прифати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден