Балкан
25. November 2016 - 12:23

Тага и болка: Погребана трагично загинатата Теодора

Неколку стотици луѓе се собраа пред капелата во Сремски Карловци за да се збогуваат со трагично загинатата Теодора Качански.

После погребот кога сите си заминале на гробот дошле две момчиња и две постари жени и само во тишина поминале 15 минути. Делот од брегот каде се наоѓаат гробиштата неколку часа биле блокирани за сообраќај.

teodora-pogreb1

На барање на семејството на новинарите и фоторепортерите им било забрането фотографирање и снимање.

teodora-pogreb

Инаку, Теодора Качански, 30-годишната девојка од Србија која брутално беше изрешетана со пет куршуми пред влезот од зградата на нејзиното момче, почина во болница, а полицијата откри дека била убиена по грешка.

teodora-pogreb2

teodora-pogreb3