Тачи: Прашањето со Специјалниот суд е затворено во 2015 година
Косовскиот претседател Хашим Тачи повтори дека прашањето за Специјален суд за воени злосторници од редовите на ОВК е затворено во 2015 година, кога косовскиот Парламент го усвои законот за негово формирање.
- Ова прашање е затворено уште во летото 2015 година, а вревата која подоцна се крена беше непотребна и без влијание, изјави Тачи.
Што се однесува на договорот за демаркација на границата со Црна Гора, Тачи смета дека за тоа е потребен широк политички консензус.
- Постојано разговарам со претседателот на Собранието Кадри Весели, премиерот Рамуш Харадинај и одредени опозициски партии. Сите тие се свесни дека брза ратификација на договорот за демаркација го отвора патот кон визна либерализација, истакна Тачи. Воедно тој изрази надеж дека тоа прашање ќе биде решено до крајот на месецот.
Ново на Сител
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар