Тачи побара прием на ДПА во ЕПП
Мендух Тачи, лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), денеска во рамки на вториот ден од неговата работна посета на Брисел, оствари средба со претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, како и со известувачот за Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на средбата со Дол, кој е прв човек на најголемата политичка сила во Европа и најбројна партија во Европарламентот, Тачи побара прием на ДПА во ова друштво, со оглед на тоа што се работи за десна опција на политичкиот спектар во Македонија, а и поради тоа што македонскиот блок во ЕПП веќе го претставува ВМРО-ДПМНЕ.
- Првата средба беше повеќе куртоазна, бидејќи на состанокот со Жозеф Дол ја искажав нашата голема желба и ДПА да се зачлени во Европската народна партија (ЕПП). На ова добив позитивен одговор и со тоа започнуваме процедура за членство на ДПА во ЕПП, потенцира Тачи во изјава за МИА.
На втората средба во ЕП со словенечкиот европратеник Вајгл, лидерот на ДПА побара известувачот за Македонија во законодавниот дом на Европската унија да влијае колку што може за да не дојде до одложување на парламентарните избори во нашата држава, закажни за 24 април 2016 година. За ова, Тачи добил уверување од Вајл, бидејќи и Словенецот ја застапува идејата да неа помрднување од датумот за организирање на предвремените парламентарни избори во Македонија, што е договорено и со политичкиот договор од 2 јуни/15 јули.
- Втората средба условно кажано беше полесна, бидејќи Вајгл поттекнува од екс-Југославија, ни го познава менталитетот и повеќе ги разбира политичките и другите етнички проблеми што се во Макееонија. Од наша страна беше речено дека нашата ориентација е да имаме фер и демократски избори и да не пролонгираме со датуми на изборите, бидејќи од тоа би можеле да произлезат и други проблеми, пренесува Мендух Тачи.
Првиот човек на единствената опозициска партија во македонскиот парламент, додава и дека со Вајгл разговарале за тоа дека во сегашниот дијалог во Македонија на ниво на работни групи, како и на лидерските средби, ниту малку не се говорело за меѓуетничките односи и за имплементацијата на Охридскиот договор.
- Мислам дека, ако вака продолжиме, ќе дадеме многу лоша порака кон Албанците што живеат во Република Македонија, бидејќи нивните права и грижи не се важни за овој дијалог, потенцира Тачи.
Од страна на Вајгл, претседателот на ДПА вели дека добил уверување дека пратениците од Европарламентот, како и известувачите во сенка, ќе продолжат да го помагаат овој политички процес и дека по Нова година, тие службено ќе ја посетат Република Македонија за да ги поддржат сите заедно да стигнат до избори и истите да бидат фер и коректни.
Запрашан за исходот од разговорите со Тачи, Словенецот Вајгл рече дека освен за изборите во април 2016 година во Македонија, говореле и за Охридскио договор.
- Немам впечаток дека тој бара нешто ново, туку дека бара, односно очекува и мисли дека би било корисно, извршување на Охридскиот договор и негова имплементација во сите негови точки. Тој бара да се води една транспарентна и одговорна расправа и јас мислам дека тоа е потребно, вели Вајгл.
На оваа констатација на европратеникот од Словенија, Мендух Тачи потенцираше дека ДПА не е против Охридскиот договор, но смета дека обезвреднувањето на Рамковниот договор, што според него е направено во изминатите 15 години, не треба да биде начин и методологија на работа.
- Ние се согласуваме дека треба да продолжиме со духот на Охридскиот договор, што е суверенитет на Македонија и права на Албанците, како и да продолжат интеграциските процеси, но би требало да имаме нов договор за конкретни работи што не функционирале според методологијата на Охридскиот договор. Ние не затвораме врата за секаков вид на дијалог, прифаќаме да се разговара и за имплементацијата на Охридскиот договор, но бараме да ги слушнат и предлозите што ги даваме, рече Тачи.
Со овие денешни средби, лидерот на ДПА ја заврши дводневната рбаотна посета на Брисел.
Ново на Сител
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?