Тачи бара Србија да го признае Косово
Новоизбраниот косовски претседател Хашим Тачи изјави дека на Белград и на Приштина им е потребен компромис кој ќе овозможи подобра иднина, односно дека Србија треба да го признае Косово и да не ја спречува неговата меѓународна интеграција, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.
Тачи на предавењето во Институтот за Глобална правда во Хаг, промовираше „четири точки“, кои според него, ќе помогнат да се „воспостави мир и соработка“ меѓу Белград и Приштина.
Како прва точка тој ја наведе неопходноста од воспоставување соработка во борбата против криминалот и трговијата со луѓе, како и верскиот екстремизам.
- Неопходна е внимателност за влијанието на Русија, нагласи Тачи, кој исто така смета дека Белград и Приштина, треба да постигнат долгорочни договори во цел на зајакнувањето на економиите и отоврањето нови работни места.
Според Тачи, за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина важно е да се поттикне регионалната соработка и како што објасни, конечно да продолжи унапредувањето на владеењето на правото со цел да се постигне „правда за жртвите“.
- Много наводи се објавени во извештајот на Дик Марти, Косово спроведува многу транспарентен, меѓународен судски процес да се утврди вистината. Немаме што да криеме, наведе Тачи.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност