СЗО: Жена од Кина прва жртва на тип птичји грип
Жена од Кина стана првата личност која почина од тип на птичји грип кој е многу редок за луѓето, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Сите индикации се дека овој вид не се шири меѓу луѓето.
Во соопштението се наведува дека 56-годишна жена од провинцијата Гуангдонг во јужна Кина е третата личност за која се знае дека е заразена со подсојот Х3Н8 на птичјиот грип, пишува Гардијан.
Сите овие случаи се во Кина, а првите два се пријавени минатата година.
Центарот за контрола и превенција на болести за провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец пријави трето заразено лице, но не беа објавени детали за смртта на жената.
Според податоците на СЗО, пациентот имал хронични заболувања и бил изложен на живина.
Спорадичните случаи на птичји грип кај луѓето се чести во Кина, каде вирусот постојано циркулира кај големи јата диви птици.
Ново на Сител
-
СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами да се справуваат со пожарите
-
Сиљановска: Длабоко сум разочарана што се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП
-
Мицкоски: Голем број европратеници нема да гласаат за амандманот со кој се брише македонскиот јазик и идентитет
-
СДСМ: Животот на граѓаните станува се потежок, владата не може да се справи со високите цени
-
Во Штип се рушат дивоградби за да се гради Булевар
-
Преглед на вестите од светот
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?