СЗО: Речиси 690 илјади лица во Европа се заразени со коронавирус
Бројот на заразени со коронавирус во Европа надмина 687 илјади, а над 62 000 лица починаа од болеста, соопшти директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
„Според податоците пристигнати до утрово, регистрирани се 687 236 случаи (на инфекција). Со жалење информираме дека починале 62 824 луѓе“,рече Клуге чија изјава беше пренесувана во живо преку фејсбук.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, меѓу друготo истакна дека ширењето на Ковид-19 на Европскиот континент е многу загрижувачко и ги повика владите многу добро да размислат пред да започнат со ублажување на преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот.
„Драматичното зголемување на случаите останува многу загрижувачка слика во Европа. Многумина од нас едвај чекаат да го слават Велигден, но ова не е време да го спуштиме гардот. Мораме да се бориме“,рече Клуге. Шпанија, Италија, Франција и Германија се европските земји кои имаат најмногу заболени од коронавирус – над 100 илјади. Од појавата на вирусот, во Италија бројот на починати се искачи над 17 илјади луѓе, во Шпанија над 14 илјади, а во Франција таа бројка изнесува повеќе од 10 илјади починати од коронавирус.
Ново на Сител
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура