СЗО предлага да се покренат планови за вакцинација во областите погодени од Мпокс
СЗО денеска препорача дека земјите погодени од вирусот Мпокс (мајмунски сипаници) треба да почнат планови за вакцинација во областите каде што се појавиле случаи на инфекција.
Повторното појавување на Мпокс во Демократска Република Конго, ја поттикна СЗО да прогласи глобална здравствена вонредна состојба на 14 август, највисоко ниво на здравствено предупредување.
СЗО веќе прогласи таква вонредна состојба во 2022 година кога епидемијата на сипаници се прошири низ светот, а ја повлече во мај 2023 година СЗО денеска издаде дополнителни препораки упатени до земјите кои се соочуваат со повторно појавување на болеста – Демократска Република Конго, Бурунди, Кенија, Руанда и Уганда.
СЗО препорачува, меѓу другото, да започнат планови за зајакнување на активностите поврзани со вакцинација против големи сипаници во областите каде што се појавија случаи, насочени кон лица со зголемен ризик од инфекција, на пример случаи кои имале контакт со заразени, деца, здравствени работници , негуватели итн.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел