-->
-->
СЗО: Од хуманитарните организации е побарано да го напуштат Алепо
-->
Женева, 16 декември 2016 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека без никакво објаснување од хуманитарните организации било побарано да го напуштат источниот дел на Алепо, откако е суспендирана евакуацијата на цивили и бунтовнички борци од тие делови на сирискиот град.
Претставничката на СЗО во Сирија, Елизабет Хоф на прес-конференција истакна дека претпоставува оти оваа порака „пристигнала од Русите, кои ја надгледуваат таа област“.
Таа изјави дека нејзиниот тим од источниот дел на Алепо немал никаков контакт со сириските власти.
Хоф нагласи и дека според податоците на СЗО, до седум часот утрово 194 евакуирани лица пристигнале во осум преполни болници. г
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот