СВР Тетово апелира до планинарите и туристите задолжително да ги пријават турите за искачување
Љубителите на белите спортови и планинарењето, а пред сé странските државјани, доколку планираат искачување на планинските врвови или скијање, да се пријават во најблиските полициски станици или одделенија, апелираат од СРВ Тетово.
Апелот доаѓа по најавите за интензивни врнежи од снег и влошување на временските услови на планинските подрачја.
- При пријавувањето, пожелно е да посочат и да информираат каде ќе се движат и колку мислат да се задржат. На тој начин може побрзо да се лоцираат и доколку има потреба, да им се помогне. Во одредени ситуации мошне значајна е секоја минута, особено при неповолни временски состојби и на тешко достапни терени, на кои нема можност за воспоставување телефонски контакт или друга комуникација со изгубените лица, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Јосифоски потсетува дека, минатиот и овој месец пријавени се неколку заталкувања на поединци, кои поради непознавање на теренот или неповолни временски прилики, се изгубиле и не можеле да се вратат назад. Минатиот викенд на Попова Шапка имаше два случаи на заталкување по што беше поведена акција за пронаоѓање на осум заталкани лица. Со навремена реакција, минатата среда (7 февруари) од затрупаниот пат Маврово – Галичник беа извлечени и двајца американски туристи.
По поведените потраги, реализирани од полициските службеници од овој сектор, координирани со горско спасителските и други служби, заталканите беа лоцирани, пронајдени и безбедно вратени.
Ново на Сител
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител