СВР Скопје го расчисти случајот со пронајденото оружје во Арачиново
СВР Скопје го расчистил случајот со оружјето кое беше пронајдено од негови полициски службеници на 18 декември на територија на општина Арачиново, информира Министерството за внатрешни работи.
- Покрај локален пат од село Орланци кон село Никуштак беа пронајдени девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција. По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово, соопшти МВР.
Х.С. завчера (29 декември) бил лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по итна постапка и вчера (30 декември) од судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор.
Ново на Сител
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени