СВП ќе го соопшти добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“
Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година на Струшките вечери на поезијата ќе биде соопштен денеска на прес-конференција.
Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се стихозбирките „Морето ми е до колена“ од Јовица Ивановски, „Глагољубни песновиденија“ од Димитар Пандев, „Времено и трајно“ од Јован Стрезовски, „Посланија и риданија“ од Кочо Топузовски и „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски.
Авторите на петте книги што влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ вчера го претставија своето творештво, а најдобрата книга ќе биде преведена на англиски јазик.
На програмата на јубилејните Струшки вечери на поезијата е и новата содржина „Поетско кафе“ со поети и издавачи од платформата Версополис, а покрај поетските портрети ќе има и вечер на Версополис.
Традиционалното садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“, канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд ќе се одржи утре во Паркот на Поезијата. Учесниците на СВП ќе имаат можност да ги разгледаат културните споменици во Охрид, а потоа на Плоштадот во близина на споменикот на „Свети Климент“ ќе имаат поетски читања „Созвучија“. Вечерта во црквата „Света Софија“ ќе с еодржи поетски портрет на лауреатот Атвуд.
На јубилејните 55. Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 32 поети од 30 земји. Присутни ќе бидат поети од соседството, Италија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Белгија, Израел, Унгарија, Кина, Калифорнија, Мексико, Шпанија, Франција, Ирска, Индија,...
Ново на Сител
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ