-->
-->
Светскиот ден на мајчиниот јазик одбележан во Карпош
-->
Под мотото „Јазикот е бисерен ѓердан“, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ во општина Карпош денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик.
Покрај културно-уметничката програма, основците диксутираа за совладувањето на јазичните бариери, за значењето и историската димензија на македонскиот литературен јазик. Учениците рецитираа поетски творби на македонски, ромски и албански јазик.
На настанот присуствуваа претставници од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ и од ООУ „Пашко Васа“ од село Групчин, кои практично демонстрираа како се совладуваат јазичните бариери. Ова училиште е повеќегодишен партнер со ООУ „Аврам Писевски“ во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри