Светски ден на филозофијата
Филозофскиот факултет во Скопје го одбележува Светскиот ден на филозофијата.
Свеченоста почнува денеска со поздравна реч на раководителот на Институтот за филозофија проф. д-р Иван Џепароски и на претседателот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Митковски. Потоа ќе биде промовирано списанието „Филозофска трибина 18“ и ќе бидат доделени благодарници и почесни членови на Филозофското друштво.
Во рамки на Светски ден на филозофијата денеска ќе бидат одбележани и 90 години од раѓањето на академик Јордан Поп Јорданов по кој повод пригодна реч ќе имаат Љубомир Гајдов и д-р Мартин Поповски, а прикажан ќе биде документарниот филм „Три животи“. Исто така ќе бидат одбележани и 85 години од раѓањето на академик Георги Старделов по кој повод пригодна реч ќе има проф. д-р Иван Џепароски и ќе биде прикажан документарниот филм „Георги Старделов“.
За утре е предвиден симпозиум на тема „Филозофија и политика“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови