Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
Подигнување на свеста за виталната улога на црниот дроб е фокусот на овогодинешното одбележување на 19 Април – Светскиот ден на црниот дроб, како глобална иницијатива која во нашата земја ја промовираат Клиника за гастроентерохепатологија и здружението Хепар Центар Битола.
„Од 2021 година во Центарот за болести на црн дроб на Клиника за гастроентерохепатологија се спроверува национална програма за превенција и рана дијагностика на хепатоцелуларниот карцином. Со ова се преземaат активности кон превенција, дијагностика и справување со целокупниот третман на хепатоцелуларниот карцином. Во Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања за 2022 година, беа обезбедени средства за набавка на тестови за рана детекција на овој вид на карцином. Набавката на овие тестови продолжи минатата како и оваа година. На Клиниката исто така достапна е и антивирусна терапија за хепатит Ц, со што се превенира понатамошно оштетување на црниот дроб и развој на уште посериозни заболувања“, вели проф. д-р Калина Гривчава Старделова, директор на Клиника за Гастроентерохепатологија.
„Светскиот ден на црниот дроб не е само прилика да го посочиме значењето на органот кој игра толку важна улога во нашето здравје, туку и време да се промовираат активности и иницијативи за превенција и рана дијагностика. Со обединени напори, како заедница на пациенти, медицински експерти и креатори на политики, можеме да создадеме значителни промени и да ги подобриме условите за здравствена заштита за сите“, вели Милан Мишковиќ, програмски менаџер на здружението Хепар Битола.
Ново на Сител
-
Вања на интернет комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС
-
Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица погинаа, а 25 се повредени
-
Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар | ВИДЕО
-
Силен земјотрес ноќеска ја погоди Грција
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи
-
Меси не ја исклучува можноста за учество на СП во 2026 година
-
Со сослушување сведоци во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче