-->
-->
Светска банка дава поддршка за прогресивното оданочување
-->
– Светска банка ја поддржува и смета дека е прифатлива најавената даночна реформа и воведувањето прогресивно оданочување, но порачува дека Владата треба да направи повнимателна анализа околу висината на износот на кој ќе се однесува повисоката стапка на оданочување.
Ова беше истакнато на денешната презентација на Редовниот економски извештај за Западен Балкан на Светска банка денеска во Скопје.
- Може да поддржиме прогресивно оданочување што го анализира Министерството за финансии. Се движат во исправна насока со оглед на податоците со кои располагаме денес, но треба да се направи внимателна анализа околу прагот на кој ќе се однесува повисоката стапка на оданочување, рече Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Во прилог на воведувањето на прогресивното оданочување од Светска банка посочија на фактот што Македонија заедно со Албанија и Косово во Европа има најниски приходи. Според нив, рамниот данок кој се применува сега во земјата е една од причините за ниските приходи.
Во однос на реформите во пензискиот систем од Светска банка наведоа дека анализата е во тек и дека се уште е далеку од одлука. Мантованели посочи дека има повеќе можности, а дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање е само една од тие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата