И додека играчите на Манчестер Сити, Џон Стонс и Кајл Вокер, се обидуваа да се скријат од папараците ставајќи јакна преку главата, односно дланки преку лицето, Џон Харт и Киран Трипијер не се криеја.
На сите да им биде уште почудно, голманот на Вест Хем и десниот бек на Тотенхем се држеа за раце! Тоа ја заинтригира англиската фудбалска јавност.
Англиската репрезентација во склоп на подготвките за Светското првенство во вторник игра против Бразил.