Светот ги брои последните денови: Трамп тргнува со нуклеарка кон Северна Кореја
САД ќе возвратат со воен одговор од големи размери на секоја закана кон нив или нивните сојузници, изјави денеска американскиот секретар за одбрана, Џим Матис по најсилната нуклеарна проба што Северна Кореја ја изврши досега.
- Ќе има воен одговор од големи размери и тој ќе биде и ефикасен и сеопфатен.... Секоја закана против Соединетите Американски Држави или нивните територии, вклучувајќи го и Гуам, како и против наши сојузници, ќе биде пресретната со огромен воен одговор, истакна Матис на прес-конференција пред Белата куќа, додавајќи дека Вашингтон не посакува „тотално уништување на која и да е земја, во случајов на Северна Кореја“.
- Но, како што реков, имаме многу можности да го сториме тоа. Способни сме да се заштитиме и себе си и сојузниците Јужна Кореја и Јапонија, нагласи тој.
Пјонгјанг претходно ги потврди наводите за детонација на хидрогенска бомба од пософистициран тип за ракети со долг дострел, што предизвика бурни реакции ширум светот.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите