Македонија
26. January 2024 - 9:50

Свети Сава, 27 јануари, неработен ден за припадниците на српската заедница

Свети Сава, 27 јануари (сабота) е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните припадници на српската заедница им го честитаат празникот Свети Сава.