Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
Контроверзниот американски свештеник кој ѝ дозволи на поп-пејачката Сабрина Карпентер да сними спот со спорна содржина во неговата црква, доби отказ поради проневера.
Свештеникот Џејми Џигантиело (65) бил расчинет поради обвинувањата дека префрлил 1,9 милиони долари црковни средства на поранешниот шеф на Кабинетот на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Тој, пак, претходно оваа година во федерална истрага, беше обвинет за корупција. Џигантиело е ослободен од „секаков пасторален надзор или раководна улога“ во црквата „Дева Марија“ во Бруклин.
По објавата на спорниот видеоспот за песната „Feather“, бискупот Роберт Бренан во изјава за Католичката новинска агенција рече дека е вознемирен што се снимил „провокативен“ спот во нивна црква.
– Прохијата не ја следеше епархиската политика во однос на снимање на црковниот имот, што вклучува прегледување на сцени и сценарија, рече тој.
Во крвавиот спот, Сабрина танцува околу олтарот во кус црн фустан од проѕирна ткаенина, а претходно е опкружена со „трупови“ на мажи кои „беа убиени“ во видеото. Спотот беше објавен за Ноќта на вештерките, па предизвика и добри, но и лути реакции од некои верници. Џигантиело потоа се извини во објава на Фејсбук-страницата на црквата, велејќи дека музичкиот видеоспот е „срамен приказ“. Сепак, тогаш тој останал пастор, но со ограничени пасторални овластувања.
По новите сознанија, на Џигантиело му се одземени сите црковни и административни должности.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух