Свет
29. February 2016 - 15:33

Свештеник снимен како шмрка кокаин на забава која ја организирал!

Осамна видеото на кое се гледа како свештеникот Стивен Кросан (37) шмркаше кокаин. На снимката се слуша како вели: „не би требало јас ова да го правам“, пред да земе од белиот прав. 

Свештеникот инаку организирал забава со пријателите која траела цели два дена, а на снимката се гледа дека во куќата има разни нацистички сувенири. 

Кросан признал дека земал дрога и изјавил дека „ тоа беше само една вечер“. „Немам проблем со дрога“, рекол за британските медиуми.