Сведочење на полицаец на судењето за „27 април“
Со сослушување на сведокот Митко Груевски во Кривичниот суд во Скопје почна денешното рочиште за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.
На прашања од обвинителката Вилма Рускоска, сведокот кажа дека како полициски службеник и припадник на единица за јавен ред и мир при СВР Скопје, неговата единица била ангажирана за физичко обезбедување на јавните собири пред Собранието.
Тој објасни дека нивна задача била да ја обезбедуваат масата. Толпата луѓе од пред Владата се движела кон Собранието, а кон неа од сите улички се приклучувале уште луѓе. Кажа дека околу и во самата толпа препознал и свои колеги, од кои некои познавал по видување.
На денешното рочиште е предвидено да бидат сослушани уште тројца сведоци, Кирил Бошковски, Зоран Стамчевски и Ивица Вучевски.
Во судница се присутни сите 33 обвинети, од кои 31 се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнувње. Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметниции граѓани. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
Сведокот кажа дека во првите редови ги гледал Богдан Илиевски-Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски, а имало и негови колеги кои, како што рече, не знае што функција имале и работеле таму.
На прашање на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа дали го видел во толпата, сведокот кажа дека сите се движеле мирно и никој не правел проблеми.
Нинџа го праша, дали на критичниот ден или општо на протестите го гледале, сведокот кажа дека не рекол за 27 април, туку општо дека го гледале на протестите.
Сведокот рече дека на 27 април бил на работа од 7 до 15 часот и зборувал генерално за сите денови, а за тоа што се случувало на 27 април во периодот од 15 до 20 часот знае само тоа што го гледал на телевизија.
Ново на Сител
-
Маск предлага амнестија за Зеленски во замена за мирни демократски промени во Украина
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Орбан: Јасно се гледа стратешката разлика во ЕУ по изборите во САД, некои сакаат војна, а некои мир
-
Мицкоски: Се надевам дека нашиот процес на евроинтеграции ќе биде откочен со големата поддршка од Унгарија
-
Орбан: Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија
-
АХВ: Во природната вода Ругове од Косово присутни бактерии
-
Уште еден случај на мачење животни - возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО
-
По инцидентите, граѓаните и студентите се собираат пред српскиот Парламент