Свечена седница на Здружението на борците во чест на 11 Октовмри
Општинската организација на Сојузот на борците од Куманово денеска одржа свечена седница по повод 11 Октовмри, Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот.
Пред членовите, преставниците на локалната власт и на АРМ, невладини организации и граѓани се обрати претседателот на Здружението на борците Спиро Зафировски, кој потсети на почетокот на борбените дејствија во НОБ, што потоа се проширило меѓу редовите на граѓани и преминало во движење за национална слобода. За значењето на празникот зборуваше и секретарот на Здружението на борците од Куманово, Благе Јакимовски.
- На 11 Октомври започна сенародната борба во Македонија против фашистичкиот окупатор. Тоа беше патот за создавање на македонската независна држава. Придонесот на кумановско е исклучително значаен во НОБ. Во четиригодишната борба загинаа 455 борци и 373 жртви на фашистичкиот терор, рече Јакимовски.
Тој ги повика кумановци масовно да учествуваат на централната манифестација во чест на празникот, која ќе се одржи во недела на 11 Октомври на Спомен Костурницата во Куманово со почеток во 11 часот.
- Во општинската организација членуваат 420 членови од редот на борците и 580 од редот на поддржувачите, рече потпретседателот на Здружението на борците, Цоки Ристовски.
Општина Куманово во соработка со здруженија на граѓани, спортски клубови, установи и институции организира повеќе спортски и културни манифестации во чест на 11 Октовмри, Денот на народното востание, меѓу нив и планинарски марш, атлетски, одбојкарски и шаховски турнири и културни манифестации.
Основното училиште „11 Октомври„ денеска го одбележа патрониот празник и 51 година од своето постоење со богата програма. - Во ова училиште настава следат 500 ученици, инфорираше директорката на училиштето, Елизабета Костадиновска Костиќ.
Ново на Сител
-
СДСМ: За хаосот на онкологија целата одговорност е кај власта
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд