-->
-->
Суспендирана светска шампионка на 1500 метри
-->
Носителката на златниот медал на Светското првенство во Москва во 2013 година, ка на 1.500 метри, шведската атлетичарка Абеба Арегави (25) е суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Атлетскито сојуз на Шведска.
„Со големо разочарување мораме да објавиме дека Арегави е суспендирана. Целосно сме против секој вид на мамење и имаме нулта толеранција кон допингот“, стои во соошптениеот на шведскиот сојуз.
Дневниот весник Афтонбладет, објави дека непозната супстанца била пронајдена на тестот кој на Арегави и бил направен за време на нејзиниот престој во Адис Абеба.
Арегави е родена во Етиопија, а шведско државјанство стекна во 2012 година. Минатата недела таа се најде во центарот на вниманието откако било откриено дека не плања данок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите