-->
-->
Суперкуп:Баските ја понижија каталонската гордост
-->
Фудбалерите на Атлетик Билбао направија голем чекор кон освојувањето на титулата во Суперкупот на Шпанија откако во првиот меч славеа над Барселона со 4:0 (1:0).
Екипата на Ернесто Валверде во целост го искористи заморот на противникот и комбинираниот состав со кој мечот го започна Луис Енрике и во целост го декларисра европскиот првак.
Рапсодијата на Атлетик ја најави Сан Хозе во 13.минута со спектакуларен гол од половина терен.
Барселона имаше можност на почетокот од вториот дел да се врати во игра но своите шанси не ги искористија Педро и Меси.
Промашувањата на напаѓачите на Барселона ги казни Адуриц кој за 15 минути (од 53. до 68.минута) постигна три гола.
Реванш натпреварот во Барселона ќе се одигра в понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима