Сугарески најави нов тендер, „Визер“ укинува летови
Новиот јавен повик за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании ќе биде објавен деновиве, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со укинувањето на неколку авиолинии од страна на „Визер“ која беше единствено пријавена компанија на тендерот што го поништи Владата.
- Минатата недела беше поништена постапката во делот на нискобуџетните компании бидејќи имаше пристигнато една понуда и Комисијата, врз база на пропусти, понуди решение со кое постапката е поништена. Наредните денови со информација на Влада и сите активности коишто треба да ги преземе Министерството за транспорт и врски ќе биде распишан нов јавен повик. Државата има предвидено пари за нискобуџетни компании така што стојам зад она што го кажав дека согласно владината програма оваа мерка продолжува и државата ќе субвенционира нискобуџетни компании, изјави Сугарески во Велес.
На официјалната веб страница на авиокомпанија „Визер“ од октомври веќе не може да се резервираат билети од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон. Билети не можат да се купат и за летовите од скопскиот аеродром до Ваксјо во Шведска по 16 септември.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите