Сугарески: Изградбата на инфраструктурата врвен приоритет на Владата
Изградбата на патната, железничката, комуналната инфраструкура и гасификацијата се врвен приоритет на Владата, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид на реконструкцијата на патот Битола-Тополчани-Прилеп.
Министерот Сугарески потсети дека централната власт помага и инвестира во Пелагонискиот регион, каде се реализирани повеќе проекти и го најави новиот експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија.
Во тек се активности со кои се врши проектирање на експресниот пат од Битола до граничниот премин Меџитлија. Ова е период на сериозна динамика, на активности кои се составен дел на владината програма. Во меѓувреме завршивме шест проекти за водоводи, канализација, а нови се тендерираат за Битола и Крушево. Гасификацијата од Неготино до Битола е во завршна фаза и кракот до нова година ќе биде завршен, исто како и од Скопје до Гостивар. Во овој регион ќе бидат реализирани над 20 проекти и тоа за период од 6 месеци, доволно за да ги реализираме во целост, посочи Сугарески.
На прес-конференцијата во Битола, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов информираше дека низ државата се рехабилитираат патишта во вкупна должина од околу 100 километри, во кои е вклучен и патот Битола-Тополчани-Прилеп долг 15 километри, за што се обезбедени милион евра.
– Реконструкцијата на овој пат ќе заврши напролет, но за Пелагонискиот регион очекуваме до крајот на годината да биде тендериран и патниот правец од Битола до Меџитлија со што ќе се овозможат градежни активности во рана пролет. Во моментов во тек е и тендерот за звучни бариери кои ќе бидат поставени на обиколницата во Битола кај месноста Баир, а на Градежен факултет во Скопје се изработува документација за изградба на автопат Битола-Прилеп. Гледано генерално, тоа што рековме дека за една година ќе извршиме рехабилитација на 500 километри патишта се исполнува, или споредено со периодот од 2007-2016 година кога во државата вкупно биле рехабилитирани само 650 километри, ние успеавме за една година да рехабилитираме 500 километри патишта, рече Китанов.
Градоначалничките на општините Битола и Могила, Наташа Петровска и Јасмина Гулевска, исто така оценија декасо владиниот проект се подобруваат меѓуопштинските сообраќајни конекции.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица