Судскиот совет ги усвои извештаите за предметите за притворот на Рамадани и спогодбите на Георгиев и Мемети
Судскиот совет на денешната итна седница го разгледа и едногласно го усвои извештајот од работна група за констатирана состојба по предмети на Основен кривичен суд Скопје во врска со екстрадициониот притвор на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, како и за одлуките за спогодба на Обвинителството со врховниот судија Наќе Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети. Извештајот кој ја констатира фактичката состојба беше едногласно усвоен со 12 гласови.
Според наводите од извештајот, во првиот предмет, определена е мерка куќен притвор без да се наведат различни причини од оние кога бил определен притвор. Додека, за другите два случаја, не се дадени причини на околностите.
Судскиот совет на итна седница претходно донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор додека беше во тек екстрадициона постапка.
Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.
На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи е недостапно за органите на прогонот.
Другите два предмети се однесуваат на спогодбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со осомничениот судија во Врховен суд, Наќе Георгиев, за кој постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Георгиев прифатил да му биде изречена казна затвор од три години, и забрана за вршење на професија.
Додека, членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, исто така, признал вина и се спогодил со ОЈОГОКК на условна казна затвор од една година и забрана за вршење на професија, дејност или должност на службено лице во период од три години за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.
Советот денеска едногласно го разгледа и усвои и извештајот од работна група за констатирана состојба по предмет на Апелационен суд Скопје кој се однесува на одлуката на Апелација за случајот во кој Телеком треба да плати 4 милиони евра на човек фирма.
Ново на Сител
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина
-
САД најавуваат ново воено распоредување на Блискиот Исток