Судскиот совет донесе одлуки за огласи за избор на претседатели на основните судови во седум градови
Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки меѓу кои за објавување на оглас за избор на претседатели на Основните судови во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Делчево, Берово, Крушево и Охрид.
По разгледувањето на извештаите за исполнетост на критериумите за избор на претседател на основните судови во Кочани, Охрид, Радовиш и Струмица, Советот одлучи постапката да продолжи за двајцата пријавени кандидати кои ги исполнувале критериумите за Основен суд Кочани, судиите Спиро Борисов и Сузана Милева, и донесе одлука да се објави нов оглас за избор на претседател на Основен суд Охрид, бидејќи кандидатот што се пријавил имал навремена но нецелосна апликација.
Во врска со огласите за Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица, информираа дека на огласот немало пријавени кандидати и донесоа одлука да биде објавен нов оглас.
Дополнително, беше донесена одлука да се објави нов оглас за избор на претседател и за основните судови во Делчево, Берово и Крушево.
На денешната расправа на која беше усвоен записникот од 491 седница, имаше утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судијките Мирјана Радевска Стефкова од Врховен суд и Виолета Косовска од Апелационен суд Битола.
Беше констатиран и престанок на функција ВД претседател на Основен суд Велес на судијката Билјана Јачева, по сопствено барање, а за нов ВД претседател е определена судијката Валентина Ѓорѓиевска.
Советот денеска го одби барање за одвоен живот на судијата Александар Шопов од Велес, судија на Апелационен суд Скопје. Барањето беше одбиено како неосновано, бидејќи неговото место на живеење е помалку од законски предвидените 100 километри.
За Јордан Јованов, судија на Основен граѓански суд Скопје, кој со претходна одлука на Советот беше времено упатен во Основен суд Струга, по негово барање беше донесена одлука, повторно да биде упатен на една година во судот во Струга.
На повеќе судии поротници од Основните судови во Куманово, Гевгелија, Основен граѓански суд и Апелационен суд Битола со денешните одлуки им престана функцијата, а беа избрани и нови судии поротници во Основен суд Гевгелија.
На денешната седница Советот ги усвои Правилникот за користење службен мобилен телефон и Правилникот за начинот на користење на службени моторни возила од возниот парк на Судскиот совет на РСМ.
Воедно, беше донесена одлука да се продолжи соработката со Институтот за социолошки правни истражувања во делот на спроведување на психолошки и тест за интегритет.
По паузата, седницата ќе продолжи со одлучување по приговор на судија за измена на распоред на работа на Управен суд како и расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, донесување на одлука за измена на подносител на барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и разно.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено со - 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени
-
Трамп: Испишавме историја
-
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
-
Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“
-
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии