Судски процес против поранешниот бугарски министер за одбрана Нанчев
Во Софискиот градски суд денеска почнува судскиот процес против поранешниот бугараски министер за одбрана Николај Ненчев, под обвинени за злоупотреба на службената положба.
Како што јави БТА, обвинението се однесува на кривично дело извршено во врска со договорот за ремонт на воените авиони од типот „МиГ“ на бугарското Воено воздухопловство.
Одбраната на Ненчев тврди дека обвинителниот акт содржи голем број пропусти, дека Обвинителството извршило прекршувања на процедурата, како и дека нема коректен опис на доказите.
Како сведок во процесот е повикан и новоизбраниот бугарски претседател Руман Радев, кој се очекува да сведочи на следното рочиште.
На денешното рочиште како сведоци ќе се појават неколкумина високи воени офицери, меѓу кои и поранешниот началник на бугарскиот Генералштаб, Константин Попов.
Ненчев беше бугарски министер за одбрана од ноември 2014 до јануари годинава, во владите на поранешниот премиер Бојко Борисов.
Ненчев е поранешен лидер на Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС). Тој е кандидат за пратеник на коалицијата Реформски блок на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија закажани за 26 март.
Ново на Сител
-
Лишена од слобода скопјанка барана со потерница
-
Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
-
Хрватска смета дека е неприфатлива одлуката на Црна Гора да ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац
-
Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром
-
ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина
-
Пет лица загинаа во напад со дрон во руската област Курск
-
Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран
-
Состојба на патиштатa