Македонија
15. October 2024 - 13:05

Судир на мопед и електричен тротинет, едно лице повредено

На 14.10.2024 во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од А.А.(19), двајцата од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.