Судир на два хидроавиона на Алјаска, пет жртви и едно исчезнато лице
Пет лица загинаа, а едно се води како исчезнато на Алјаска, во судир на два хидроавиона, кои превезувале туристи од крстарење, соопштија властите и компанијата која го организирала летот.
Двете летала, хидроавионите „Бивер“ и „Отер“, превезувале 16 патници од бродот „Ројал принцес“ на компанијата „Принсес Круисес“, која организира патувања. Се судрија во лет од непозната причина околу 13:00 часот (23:00 часот по средно-европско време) во близина на Кечикан, во американската сојзуна држава Алјаска, на Арктикот.
Според „Принцес Круисес“, во несреќата загинале четири патници и пилот. Десет лица преживеале и пружена им е медицинска помош на местото на несреќата, додаде компанијата.
Американската крајбрежна стража ја потврди смртта на три лица и најави дека другите тројца се водат за исчезнати. Во потрагата се вклучени хеликоптери и бродови.
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?