Судијка му забрани на ДОГЕ на Маск да пристапува до приватните податоци во владините регистри
Федерална судијка прелиминарно му забрани на американскиот Оддел за владина ефикасност (Department of Government Efficiency, DOGE), кој е под команда на блискиот соработник на претседателот, милијардерот Илон Маск, да пристапува до приватните податоци на граѓаните во базите на податоци на Министерството за образование, Министерството за финансии и Канцеларијата за управување со персонал.
Судијката Дебора Бордман ја издаде забраната како одговор на тужбата поднесена против републиканската администрација на претседателот Доналд Трамп од страна на коалицијата на работнички синдикати предводена од Американската федерација на наставници. Забраната ќе трае до крајот на судењето, а истата може да се обжали.
Во тужбата се наведува дека администрацијата на Трамп ги прекршила федералните закони за приватност кога му дала на Одделот за владина ефикасност на Маск пристап до системите што содржат лични информации на десетици милиони Американци без нивна согласност.
Бордман, која беше номинирана за федерален судија од поранешниот американски претседател, демократот Џозеф Бајден, претходно издаде привремена забрана која беше со ограничен опсег, но денешната прелиминарна забрана ќе ја спречи намерата на ДОГЕ да пристапи до податоците долго време додека трае судењето, што е неизвесно.
Судијката утврди дека администрацијата на Трамп најверојатно го прекршила законот и во образложението наведе дека владата не објаснила соодветно зошто на одделот на Маск му треба пристап до досиејата на милиони граѓани.
Бордман наведе дека администрацијата на Трамп сè уште може да ја спроведе агендата на претседателот без да добие неограничен пристап до низата лични податоци поврзани со федерални службеници, приматели на студентски заеми и оние кои добиваат владина помош, вклучувајќи ги нивните приходи и имотна состојба, бројот за социјално осигурување, кој е тајна во САД, датум на раѓање, адреса на живеење, брачен статус и државјанство.
– Тие ги дадоа тие информации на федералната влада, во доверба. Таа јавна доверба сега е веројатно нарушена, напиша судијката.
Во тужбата се тврди дека администрацијата на Трамп веќе користела чувствителни податоци надвор од целта за која биле дадени, прекршувајќи го федералниот Закон за приватност, и дека наместо да ја спроведува функцијата на федералната програма за студентски заеми, ДОГЕ има пристап до податоците за заемите „со цел да го уништи“ Министерството за образование, кое целосно се укинува.
Трамп минатата недела потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование, кое беше основано пред повеќе од четири и пол децении од страна на починатиот американски претседател Џими Картер. Ракувањето со студентски заеми е префрлено на други федерални институции.
Американската федерација на наставници претставува 1,8 милиони вработени во образованието, здравствената заштита и поврзаните владини служби.
Минатата недела, во друг судски случај во Мериленд, судија привремено го блокираше ДОГЕ да пристапи до базите на податоци за социјално осигурување кои содржат огромна количина на лични информации за речиси целото население на државата.
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки