Судија од Иран смислил генијална идеја како казна наместо затвор!
Иранскиот судија Касем Налкизадех престанал да ги праќа "ситните" криминалци во затвор.
Наместо тоа, за казна тое мораат да купат пет книги, да ги прочитаат а после тоа да му поднесат извештај. Секако ова важи само за мали прекрошоци во законот, највеќе тинејџери, но секако сјајниот пример го одушеви целиот свет.
Американскиот академик Чарлс Вилијам Елиот рече дека книгите се најчестиот пријател и најмудриот совет на човекот.
Можда и истото мислење го имал иранскиот судија кога ја смислил оваа казна. Иранската новинска агенција ИРНА пренесува дека овој судија започнал да изрекува алтернативни пресуди, така што луѓето кои направиле мали прекршоци и нивните семејства би ги поштедил од психолошки последици на осудување и затвор.
Казната е јасна - морате да купите пет книги, да ги прочитате а после тоа да поднесете за се тоа извештај на судијата. Книгите мораат да опфатат и цитати на Мухамед, а сите книги ги бира самиот судија.
На крајот кога ќе заврши со читање, криминалецот ги предава книгите на судијата, кој ги донира во библиотеката на затворот.
- Читањето го намалува бројот на физички пресметки во затворите - вели судијата.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено