Кошарка
11. January 2016 - 0:01

Судиите го „украдоа„ МЗТ Скопје

 
Судиската одлука на 2 секунди до крајот се покажа како решавачка за поразот на  МЗТ Скопје во дуелот со Сутјеска со 71:75.
 
Во неизвесен мечот од 19.коло во АБА лигата одигран во СЦ „Јане Сандански“, решавачкиот момент се случи на две секунди до крајот кога влезот на Дамјан стојановски кој заврши со кош (Сутјеска водеше со 71:73), судиите решија да досудат непостоечки чекори од македонскиот репрезентатовец, па наместо израмнување на резултатот и евентуално продолжение топката им ја доделија на гостите од Никшиќ.
 
Кај македонскиот шампион, петмина кошаркари беа двоцифрени, а дабл-дабл улинок имаше Урош Луковиќ кој средбата ја заврши со 17 поени и 18 скокови. Дамјан Стојановски, Марко Луковиќ и Марко Љубичиќ постигнаа по 13, а Ѓорѓе Дреноват 10 поени. 
 
Ова беше единаесетиот пораз за МЗТ (втор во низа) во АБА конкуренцијата, додека Сутјеска ја оствари седмата победа по која конечно избега од дното на табелата.
 
Табела: Будуќност 17-2 (победи-порази), Цедевита 15-4, Црвена Звезда 13-5, Мега 12-6, МЗТ Скопје Аеродром 8-11, Цибона 8-11, Крка 8-11, Металац 8-11, Задар 8-11, Партизан 7-12, Сутјеска 7-12, Тајфун 7-12, Олимпија 7-11, и Игокеа 6-12,