Суд во Истанбул нареди шестмина активисти за човекови права да останат во притвор
Истанбулски суд нареди шестмина активисти за човекови права, вклучувајќи го и директорот на „Амнести интернешнал“ за Турција, да останат во притвор во очекување на процесот по обвинението за помагање вооружени терористички групи.
Четворица други активисти денеска се ослободени од притвор во очекување на процесот. Тие не смеат да патуваат во странство и треба редовно да се пријавуваат во полиција.
Групата беше заддржана кон почетокот на месецов за време на семинар посветен на заштита на активистите за човекови права во кризни ситуации.
Меѓу приведените е и Идил Есер, раководител на локалното претставништво во Турција на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнал“, како и двајца странски консултанти, Германец и Швеѓанец.
Турскиот суд не наведе на кои терористички оргнизации им помагале осомничените.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган упати нејасни обвиненија, наведувајќи дека групата учествувала на средба што ја имала „природата на продолжение“ на минатогодишниот обид за преврат.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти