Фудбал
26. May 2016 - 10:46

Суарез ќе игра на Копа Америка !?

 
 Најдобриот стрелец во шпанското фудбалско првенство Луис Суарез очекува дека и покрај повредата ќе може да настапи за селекцијата на Уругвај на претстојното првенство на Јужна Америка. 
 
Како што соопштија од Барселона, Суарез кој се здоби со повреда во неделата, за време на финалниот меч на Купот на Шпанија кој неговата екипа Барселона го освои со победата над Севилја со 2:0 по продолженија, ќе се рехабилитира во САД. 
 
Од клубот најавуваат дека не станува збор за сериозна повреда и дека најверојатно Уругваецот ќе може да и помогне на својата репрезентација на претстојниот „Копа Америка’’ кој ќе започне на 5 јуни.