Живот
27. February 2018 - 15:08

Студирала право, но поради убавината станала блогерка

Џанин Вигер од Берлин денес е една од највлијателните модни блогерки во Европа, иако нејзниот пат бил многу поинаков од оној на нејзините колешки.

Имено, таа студирала право, се додека не сфатила дека нејзиниот Инстаграм профил и нуди и слава и можности за заработка.

Таа е мајка на близначиња, а во 2015 година, кога бројот на нејзините следачи станал доволно голем, отворила моден блог и станала „бренд амбасадор" на повеќе модни и козметички компании, но и за спортска опрема, здрави чаеви, и секако - како млада мајка, за производи за бебиња.

Нејзините фанови велат дека е „незапирлива“, и дека е најпрепознатлива по едноставниот и софистициран стил, истовремено и модерен и класичен, а девојките низ светот ја обожуваат.