Студија: 91 отсто помал ризик од зараза со месеци по прележан Ковид-19
Луѓето кои го прележале Ковид-19 имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци, покажува студијата на Медицинскиот факултет во Грац, објавена во European Journal of Clinical Investigation. Тоа ниво на имунитет е само малку пониско од оној што го дава вакцината на Фајзер/Бионтех за која се покажа дека е ефикасна 95 проценти.
Ова значи дека претходна инфекција со коронавирус создава скоро исто ниво на заштита како и вакцинираните лица, барем за пократок период, според студијата спроведена во Австрија, јави ДПА. Студијата проучуваше како луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекција, од февруари до април, поминале во вториот бран од септември до ноември.
Во споредба со остатокот од населението во Австрија, тие имале значително посилна отпорност на инфекции.
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”