Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
Студентите во блокада во Србија ги повикаа жителите на Крагуевац да дојдат на Студентскиот плоштад вечерва во 19 часот за да им оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА.
Студентите од белградскиот универзитет им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани, а најавија и нивните колегите од Нови Сад и од Ниш.
Студентите кои ги блокираат факултетите во Нови Сад ги повикаа сите граѓани да присуствуваат на денешниот митинг на Плоштадот Слобода, каде ќе им оддадат почит на трагично загинатите во Кочани. Оддавањето почит ќе биде во 18 часот.
„Во тишина и заедништво ќе запалиме свеќи и ќе положиме цвеќе во знак на сеќавање“, наведоа новосадските студенти.
Претходно денеска студентите протестираа пред градското собрание и развирија транспарент на кој пишуваше „Седница на ден на жалост“, по што положија венец за загинатите во Кочани.
Денеска во Србија е Ден на жалост поради пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.
Ново на Сител
-
Пад од 38,8 отсто на заболените од грип во државава
-
Одбиени 19 жалби од осомничени во пожарот во Кочани, за двајцата градоначалници ОЈО поднесе жалба до Апелација
-
Министерство за здравство: Четворица пациенти кои вчера се вратија од странство се во одлична состојба, денеска очекуваме уште осум
-
Сообраќајна несреќа помеѓу две возила, едно лице е повредено, а едното возило го напуштило местото на настанот
-
Прегазен 80-годишен пешак во Македонска Каменица
-
Тепаната жена од Радовиш не сака да поднесе предлог за гонење, кажала дека снимката е од лани
-
По втор пат се одложи повторното судење за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Теодора Ристовска
-
Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема